Почитувани,

Порталот kupisimobilen.mk е динамичен и иновативен портал која има сеопфатна и специјализирана структура за едноставно online тргување, со посебен фокус на различни мобилни уреди и придружна галантерија. Самиот портал е структуриран да биде интуитивен и лесен за користење а во исто време и оптимизиран за различни десктоп и мобилни прелистувачи.

Во процесот на развивање на kupisimobilen.mk ја следевме идејата дека денес online продажбата и купувањето се се-поприсутни во нашето секојдневие. Самата платформа нуди можност продавачот да го прошири неговиот круг на потенцијални купувачи, но и на купувачот да го најде бараниот производ од дома.

Затоа овој портал е старт на серија на професионални, софистицирани и лесни за користење места за online тргување кои ќе го унапредат и модернизираат начинот на кој луѓето и компаниите во Македонија тргуваат.

Во исто време kupisimobilen.mk е и место каде заинтересирани компании можат за закупат банер кој би бил поставен на место соодветно на вашите потреби и прецизно таргетиран за да дојдете до вистинската целна група. И покрај релативната “младост” порталот бележи сериозен сообраќај со перманентно позитивен тренд.

Во Проект КСМ ДОО сме целосно фокусирани и насочени кон обезбедување на брз, доверлив и модерен online простор за тргување, кој ќе ги задоволи потребите на продавачите, без разлика на нивната големина, како и на купците кои на едно место ќе можат да најдат широка линија на сродни и комплементарни производи.

Се надеваме дека она што го работиме ќе Ви го олесни и подобри секојдневието!

Поголемиот број на посетители, или околу 62%, се од различни мобилни платформи, додека 38% се од десктоп компјутери.

Во исто време процентот на посетители кои се враќаат на порталот е 55,4% додека остатокот се нови посетители, што покажува дека kupisimobilen.mk веќе има свој круг на верни читатели, но и продавачи како и купувачи.

kupisimobilen.mk на Aleksa Rankings на 05 03 2016 е на 459 позиција во МК рангирањето

Статистика од Google Analytics за период од 01.02.16 до 28.02.17:

Ви нудиме рекламни банери на мобилната верзија на kupisimobilen.mk – фиксен (син) или floating (зелен).

Фиксниот банер се подига со скролање на текстот додека floating банерот се исклучува на копчето Х во горниот десен агол на истиот. Димензиите (во пиксели) и цените фиксниот и floating банерите се:

Фиксен - 300 Х 50 px 1.200 МКД за 7 дена

Floating - 300 Х 50 px 1.200 МКД за 7 дена

Во директен договор со клиентот постои флексибилност во врска со редефинирање на позициите на овие банери како и можност за поставување на Splash банери или друг вид на реклами.

Исто така Ви нудиме и банери за десктоп верзијата на kupisimobilen.mk, кои се распоредени на header-от, footer-от, и од десната страна на секој текст, како и на истите позиции на index страната од порталот (позициите се маркирани со зелено на сликата на следната страна).

Димензиите (во пиксели) и цените на секој од Банерите обележани со зелено на сликата горе се следните:

1 - 340 Х 50 –  1.200 МКД за 7 дена

2 - 300 Х 250 – 1.200 МКД за 7 дена

3 - 300 Х 500 – 1.500 МКД за 7 дена

4 - 300 Х 250 – 1.200 МКД за 7 дена

5 - 510 Х 100 – 1.750 МКД за 7 дена

Позицијата број 5 се појавува и на мобилната верзија на порталот.

Во директен договор со клиентот постои флексибилност за редефинирање на позициите на овие банери како и можност за поставување дриги видови на банери или друг вид на реклами.

Изработка на банер не е вклучен во цената.

За сите останати детали ве молиме да се обратите на следните контакти:

Милан Христовски

+389 75 426 033

marketing@kupisimobilen.mk

 

Види огласи
Внеси оглас