Вовед

Сајтот kupisimobilen.mk (во понатамошниот текст КупиСиМобилен) е во сопственост на компанијата Проект КСМ ДОО со седиште во Битола, Македонија. За време на користењето на сајтот КупиСиМобилен ќе се применуваат овде наведените Правила и услови, како и сите важечки и применливи Закони во Р. Македонија. КупиСиМобилен го задржува правото да ги промени овие Правила и услови за користење во било кое време и без предходно најавување.Промените стапуваат во сила од моментот на нивното објавување.

Употреба и заштита на податоци

КупиСиМобилен посветува посебно внимание да ги чува во дискреција приватните и доверливи информации на корисниците и истите да останат не злоупотребени. За време на користењето на КупиСиМобилен корисникот е должен да обезбеди потполни, вистински и точни податоци кои се побарани од истиот. КупиСиМобилен прави се за да се заштити приватноста на личните податоци на огласувачите на тој начин што оние кои што ќе се користат ќе бидат само со цел да го спојат огласувачот со посетувачот на страната.Сепак, КупиСиМобилен не може да гарантира дека трети лица нема преку хакерски напади или на друг начин, а без знаење и/или одобрување на КупиСиМобилен да дојдат до истите. Со користењето на КупиСиМобилен согласни сте податоците/информациите кои сте ги предале да бидат достапни на сите кои се заинтересирани за истите, во согласност со овие Правила и услови за користење.Огласувачот е согласен дека неговата email адреса КупиСиМобилен може да ја користи за цел испраќање пораки кои преку контакт формуларот од објавениот оглас на КупиСиМобилен ја праќаат посетители со цел праќање на известувања.

Заштита на авторски права

Податоците на КупиСиМобилен се заштитени во согласност со позитивните правни норми и Закони. Авторските права кои се однесуваат на КупиСиМобилен, вклучително и текстовите, нивното обликување, фотографиите и другите графички презентации припаѓаат на КупиСиМобилен како овозможувач на овој тип на услуга и на огласувачот. Користењето на податоците во други цели, како и нивно копирање, дистрибуирање на податоци, без одобрување на КупиСиМобилен е спротивно на Законот за авторски права и подлежи на санкции. Содржината, базата на податоци на КупиСиМобилен е сопственост на компанијата Проект КСМ ДОО. Посетителите на КупиСиМобилен или корисниците на услугите кои на сајтот оставаат било какви податоци, коментари, записи и поставуваат огласи се свесни и согласни дека истите автоматски постануваат сопственост на КупиСиМобилен. КупиСиМобилен не е свесен за некакво кршење на авторски права и евентуално увидување на такво дејствие треба одма да се пријави со цел да можеме адекватно да реагираме. КупиСиМобилен не сноси никаква одговорност и/или се иззема од било какви спорови во врска со повреда на Законот за авторски права.

Исклучување и надоместување на штета

КупиСиМобилен го задржува правото во било кој момент на било кој посетител да му одземе можност за пристапување на сајтот или на било кој дел од сајтот, односно да му одземе право на користење на било каков сервис или услуга на КупиСиМобилен од било која причина која не е во согласност со Правилата и условите за користење, прави пречки на редовното функционирање на сајтот или на било кој начин ги повредуваат правата на огласувачите и другите корисници, односно секој сегмент кој КупиСиМобилен го смета за повреден. КупиСиМобилен го задржува правото да исклучи од понатамошна употреба корисник кој ги злоупотребува објавените податоци или на било кој начин неовластено го користи КупиСиМобилен, а посебно на следниве начини: - копирање на содржина на КупиСиМобилен и објава на/во друг медиум за огласување; - лобирање на огласувачите на КупиСиМобилен да огласуваат на слични сајтови, или во други медиуми за огласување, преку контактирање на било кој начин и нудење на свои услуги од тој тип. КупиСиМобилен покрај исклучувањето на ваквиот корисник може и да бара надокнада за направена штета и изгубена добивка. Новите огласи на корисниците се проверени пред објавувањето на КупиСиМобилен и доколку се во согласност со правилата на огласување, на корисникот ќе му биде овозможено огласот да му биде објавен. Доколку со понатамошна проверка се утврди дека огласувачот крши некое правило на огласување, КупиСиМобилен го задржува правото да не ги одобри огласите како и на корисникот да му забрани право на пристап до огласите, неговиот налог или сајтот КупиСиМобилен воопшто.

Гаранција

КупиСиМобилен не гарантира: - точност, потполност и вистинитост на огласот или текстот во истиот, како ни квалитет, сигурност и легалност на понудените производи и услуги во склоп на огласите; - надлежност како втора страна во склучување договор, исправност, сеопфатност и точност на личните податоци на огласувачот, кои истиот ги користел на соодветен начин; - дека на страниците нема да има грешки и/или дека истите ќе функционираат без престан и пречки во секој момент; - дека трета страна во секое време ги користи КупиСиМобилен или огласите легално цело време.

Одговорност

КупиСиМобилен, во согласност со Законски дозволената мерка, се иззема од било каква штета, губиток или повреда која може да настане директно или посредно заради: - користење на КупиСиМобилен; - користење на сајтови на кои водат линкови од КупиСиМобилен; - информации на КупиСиМобилен; - постапки кои се преземени или не се преземени во врска со информациите на КупиСиМобилен; - употреба, неможност за употреба или злоупотреба на било која од горе наведените сајтови. КупиСиМобилен не може да биде одговорен за било која содржина прикажана на страниците на сајтот од страна на трети лица на кои може да им е дозволен привремен пристап. Било каков пристап не може да се толкува во смисла на претставување на врска со сајтот КупиСиМобилен, ни поддржување на такви сајтови од страна на КупиСиМобилен. КупиСиМобилен може да содржи линкови кон други сајтови, но не одговара за услугите или производите до кои се дошло со помош на КупиСиМобилен на тој начин. КупиСиМобилен може да биде привремено недостапен заради различни технички потешкотии. КупиСиМобилен не е одговорен за било каква правна постапка или тужба против огласувач базирана на повреда на било кое авторско право или права на интелектуална сопственост.

Огласи

При поднесувањето на огласот на КупиСиМобилен огласувачот доделува право на КупиСиМобилен да споделува информации кои се однесуваат на предметот на огласување. Строго е забрането поднесување на огласи на КупиСиМобилен на било кој друг начин освен на начинот кој е истакнат на сајтот КупиСиМобилен. КупиСиМобилен вложува максимални напори да на своите корисници им понуди квалитетна услуга. Заради тоа го задржува правото да уредува, изменува и избрише огласи кои на одговараат со тој критериум, а посебно во следниве случаи: - кога огласот е поднесен во погрешна рубрика; - ако се работи за ист оглас кој се појавува по втор пат; - кога предметот на огласување, описот или цената на огласот се неисправни и/или непотполни; - кога сликите во огласот се неисправни; - кога предметот на огласување и/или огласувачот кршат авторски права и/или други права на интелектуална сопственост; - кога предметот на огласување може да предизвика штета и/или на било кој начин да прекрши интелектуални права на трето лице; - кога предметот на огласување и/или содржината на огласот содржи дискриминирачки аспекти или недозволени и забранети материјали во согласност со Македонското законодавство; - кога еден оглас содржи повеќе предмети на огласување или услуги; - кога огласот е во било која смисла навредлив за сајтот КупиСиМобилен; - кога огласот е сомнителен во смисла на огласување на украдена или нелегална роба; - кога огласот директно или индиректно промовира компанија; - кога огласот на било кој начин го нарушува квалитетот на содржини на КупиСиМобилен; Огласувачот е согласен: - да ги избрише сите податоци во рок од 48 часа откако огласот ќе постане неважечки; - да не го користи КупиСиМобилен во смисла на користење на авторските права на заштитниот знак или логото; - да не огласува скриени или кодирани пораки; - дека сите информации, вклучително и фотографиите, после поставувањето на сајтот на КупиСиМобилен постануваат сопственост на сајтот КупиСиМобилен; - дека личностите кои го одржуваат КупиСиМобилен како и сопствениците не се одговорни за штета која може да се случи како резултат на грешки кои се можни при автоматска обработка на податоци или при прикажување на податоците; КупиСиМобилен не учествува на ниеден начин при продажбата на предметите кои се на истиот огласени, освен во смисла на овозможување услуга користење на сајтот КупиСиМобиленкако место за тргување. Купувањето/продавањето се одвива исклучително помеѓу продавачот и купувачот. КупиСиМобилен не учествува на ниеден начин во трансакцијата помеѓу корисниците на сајтот КупиСиМобилен. Корисниците се согласни дека сите контакти се одвиваат исклучиво на нивен ризик и прифаќаат дека КупиСиМобилен нема одговорност или обврски за било каква надомест на штета која се случила по тој основ. КупиСиМобилен не прифаќа одговорност и не гарантира за било кој предмет прикажан или продаден на овој сајт и исклучува сопственост на било кој предмет, точност или вистинитост на описот како и спремност на корисникот да изврши трансакција.

Судска надлежност

За сите потреби и спорови кои би можеле да произлезат од користењето на предметните материјали, надлежен е судот во Битола, Македонија. Проект КСМ ДОО го задржува правото на промена на содржината на сајтот КупиСиМобилен без предходна најава во било кое време, на било кој начин и од било која причина и не е одговорен за никаква можна последица која произлегува од ваквите промени. Со користењето на сајтот КупиСиМобилен корисникот потврдува дека е запознаен со Правилата и условите на користење на истиот и дека во целост истите го прифаќа.

Во Битола, Македонија
Мај 2016

Овие услови и содржината на овој сајт подлежат на авторски права.
Проект КСМ ДОО, сите права задржани.

 

Види огласи
Внеси оглас