Порталот kupisimobilen.mk е динамична и иновативна платформа која има сеопфатен и специјализиран пристап кон online тргувањето, со посебен фокус на различни мобилни уреди и придружна галантерија. Самиот портал е структуриран да биде интуитивен и лесен за користење а во исто време и оптимизиран за различни десктоп како и мобилни прелистувачи. Во процесот на развивање на kupisimobilen.mk ја следевме идејата дека денес online продажбата и купувањето се се-поприсутни во нашето секојдневие. Дигиталните платформи од овој вид нудат можност на продавачите да го прошират нивниот круг на потенцијални купувачи, но и на купувачите да го најдат соодветниот производ од дома.

Затоа овој портал е старт на серија на професионални, софистицирани и лесни за користење места за online тргување кои ќе го унапредат и модернизираат начинот на кој луѓето и компаниите во Македонија тргуваат. Во Проект КСМ ДОО сме целосно фокусирани и насочени кон обезбедување на брз, доверлив и модерен online простор за тргување, кој ќе ги задоволи потребите на продавачите, без разлика на нивната големина, како и на купците кои на едно место ќе можат да најдат широка линија на сродни и комплементарни производи. Се надеваме дека она што го работиме ќе Ви го олесни и подобри секојдневието!

Се надеваме дека kupisimobilen.mk ќе биде вашето место каде што ќе доаѓате да купувате и продавате мобилна технологија но и да се информирате за најновите развои, трендови и иновации од ова поле!

Искрено Ваши Тимот на kupisimobilen.mk

Види огласи
Внеси оглас