Сега кога сите најважни паметни телефони од првата половина на 2017 година се веќе официјално претставени, се вртиме кон втората половина, во која главната улога ја има iPhone 8. Новите шпионски информации зборуваат за димензиите и споредбата со други актуелни телефони.
iPhone 8 треба оваа година да одбележи 10 години од првиот iPhone на Apple, коj го одбележаа светот на паметните телефони. Сите се заинтересирани за тоа како ќе изгледа и колку ќе биде различен од претходните модели.
Изворот на овие најнови информации се, наводно, работници од Foxconn, кои iPhone 8 го pознаваат од прва рака. Имено, нивните информации за деталните димензии, во комбинација со она што е познато за екранот, материјалите и камерите на iPhone 8, резултираше со компаративни рендери.
Тие ни даваат идеја за тоа како ќе изгледа iPhone 8 во споредба со сегашните iPhone телефони, но исто така и во споредба со другите конкурентни уреди од светот на Android.
Паметниот телефон Essential на Andy Rubin пристигна
Тагови: iPhone8, споредба