Според најновите истражувања, се чини дека сме сè поповрзани со нашите телефони, од кога било досега.
Во време кога индустријата се обидува да дознае како ќе изгледа иднината без паметни телефони, корисниците трошат повеќе и повеќе време со нивните електронски миленици. Покрај тоа, во многу места низ светот, корисниците, на своите паметни телефони, поминуваат најмалку еден час дневно. Според извештајот од аналитичката фирма Statista, просечниот корисник во Бразил, на паметен телефон троши пет часа на ден.
Ако сите овие бројки ги ставите во контекст, тие добиваат ново значење. Во сите земји, кои се статистички земени во предвид, износот на време кое корисниците го поминуваат на уредите, сигурно расте од 2012 година. Во САД, на пример, просечниот корисник, на паметен телефон поминува еден час повеќе време, од пред четири години .
Ова оди рака под рака со зголемениот број на работи кои може да ги прави паметниот телефон, што до одреден степен објаснува зошто корисниците со нив поминуваат повеќе време. Дури и со напредувањето на вештачката интелигенција, проширената реалност и многу други возбудливи нови технологии, јасно е дека живееме во светот на паметни телефони.
За прв пат снимка од iPhone 8
Тагови: зависност, паметнителефони, извештај, Statista