Nokia 9 ќе биде скап телефон, но очигледно цената вреди. Вооружен со моќниот Snapdragon 835, телефонот се појави во тестовите за перформанси на Geekbench и набрзо се израмни со останатите премиум модели оваа година.
Самиот бенчмарк не ни кажува ништо неочекувано – паметниот телефон има 4 GB RAM и работи со Android 7.1. Во статистиката тој фигурира под името HMD Global TA-1004.
Nokia 9 со Snapdragon 835 постигнува цели 7700 поени при тестот на сите јадра, а за овој добар резултат несомнено помага оперативниот систем. За споредба, тоа е повеќе од резултатите на актуелните Xiaomi Mi 6, Xperia XZ Premium и Galaxy S8 +; сите го имаат истиот чипсет. Далеку назад останува минатогодишниот iPhone 7 Plus со неговиот Apple A10.
При тестот на едно јадро, Nokia 9 повторно ги престигнува практично сите топ модели.
Корисниците го молат Apple да не користи заоблен екран за iPhone 8
Тагови: Nokia9, Snapdragon835, Geekbench, резултати