Јубилејниот iPhone 8, кој (најверојатно) ќе го видиме на крајот на годината, ќе биде првиот паметен телефон на Apple со OLED екран. Долгоочекуваниот уред ќе предложи уште дополнителни функции и подобрувања кои сразмерно ќе ја зголемат неговата цена. Користењето на OLED дисплеј бара поинаков метод за вградување на 3D Touch сензорот. Досега оваа компонента се интегрираше директно во самиот LCD панел. Технологијата OLED наметнува употреба на дополнителна стаклена компонента во предниот и задниот дел.
Оваа нова производствена техника ќе ја зголеми цената на 3D Touch сензорот во iPhone 8 и соодветно цената на премиум моделот. TPK Holdings и General Interface Solution се хардверските партнери на Apple кои ја произведуваат оваа компонента за iPhone. Пoследните податоци на Economic Daily Times откриваат дека деловите потребни за создавање на 3D Touch во iPhone 8 ќе чинат помеѓу 18 и 22 долари. За споредба сегашната цена која Apple ја плаќа е само 7 до 9 долари.
Ова значи дека компанијата ќе треба да плати двојно за оваа клучна компонента на новиот паметен телефон. 150 процентното зголемување на цената на 3D Touch во iPhone 8 е прифатено од страна на Apple, кои се очекува да испратат рекордно количество нарачки до својот снабдувач. Во моментов TPK Holdings го сертифицираат своето 3D Touch решение за OLED екранот на iPhone, што е последниот чекор пред да започне неговото масовното производство.
Ако на WhatsApp добиете ваква порака, не одговарајте
Тагови: 3DTouch, технологија, iPhone8, Apple