Lenovo ќе ја претстави новата серија Moto G5 во наредната недела, но пред тоа продолжуваме да дознаваме детали за новиот уред.
Нова информација од бразилски сајт потврдува дека помалиот модел Moto G5 ќе има метален заден панел и заменлива батерија, а освен тоа открива интересни работи за начинот на управување со телефонот.
Од оваа информација станува јасно дека сензорот за отпечатоци кој ќе биде вграден на предниот панел ќе поддржува гестови (лизгање на лево или десно) за враќање назад и за прикажување на мултитаскинг менито, кое ќе овозможи виртуелните копчиња на екранот да бидат скриени, а тоа ќе обезбеди повеќе простор за користење на дисплејот. Од Moto G5 очекуваме уште 2GB RAM, чипсет Snapdragon 430 и 5 "full HD дисплеј.
Galaxy Note7 може да се врати со нов дизајн и помала батерија
Галерија
Тагови: Moto G5, Lenovo, претставување, новитет, сензор, функции