Од Apple најавија дека ќе повлечат 88.000 iPhone 6S уреди, но се негира ризикот од експлозија или спонтано согорување.
Компанијата започна со програмата за повлекување во ноември 2016 година, кога откри проблем со батеријата.
За повлекувањето на голем број телефонски уреди соопштение издаде Министерството за економија на Обединетите Арапски Емирати, откако доби официјално писмо од Apple. Утврдено е дека iPhone 6S кој е произведен во Кина во текот на септември и октомври 2015 година е склон на ненадејно исклучување.
Овие телефони можат да се отклучат сами од себе, брзо губат напон, а во некои случаи не е возможно повторно да се вклучат, пишува Спутник.
Без разлика дали вашиот iPhone е дел од серијата кои ги има овие проблеми, можете да проверите по серискиот број на овој сајт.
Се појавија фотографии и спецификации на Sony Xperia XA2
Тагови: Apple, повлекува, паметнителефони, проблеми, батерија