Компанијата Dell на саемот CES 2017, претстави некои импресионирачки уреди и изгледа дека 27-инчниот HDR монитор не беше се што Dell имаше подготвено во таа област. Компанијата претстави нов 32-инчен монитор со 8K резолуција, во период кога 4K дисплеите сеуште не се вообичаени, а ни 4K резолуцијата нема постанато некаков стандард. Dell сепак напрви огромен скок и произведе 8K дисплеј, но треба да се земе во предвид дека се работи за монитор кој е наменет за професионалци.
Мониторот Dell UltraSharp 32 Ultra HD 8K има рата на освежување од 60Hz, агол на видливост од 178 степени, 1,07 милијарди бои, 400 cd/m2 осветлување, 1300:1 контраст, како и голем број на влезови за конекција, вклучувајќи четири USB 3.0 влезови. Овој моќен уред се очекува Dell да го пушти на пазарот во втората половина на оваа година, а цената ќе изнесува 5000 долари.
LG Electronics ја очекува првата загуба во последните 6 години
Тагови: DELL, CES 2017, 8K, монитор