Квалитетно дело е тешко да се повтори, особено кога тоа го имате веќе направено два пати и се стремите кон злато, со став кој глас...

One Plus 3: класичната формула од квалитетни спецификации и новостекната зрелост ( рецензија )

Квалитетно дело е тешко да се повтори, особено кога тоа го имате веќе направено два пати и се стремите кон злато, со став кој гласи „никогаш не се задоволувај со помалку“. Третиот One Plus предводник претставува нов, потежок приод кон задачата, односно жонглирање помеѓу класичната формула од квалитетни спецификации по пристапна цена и новостекнатата зрелост и пораст на бизнисот.

На многу нивоа мобилниот телефон го задржува тој ист „огнен“ однос и пристап што му ја заработи на оригиналниот OnePlus One неговата екстра добра репутација, од кој произлегува поголемиот и посилен One Plus, кој ја надминува потребата од Guerrilla маркетинг шема и застрашувачката транзиција во во позрела компанија.

Ова е тема која се пренесe и на новиот OnePlus 3. Секако, сеуште има одредена доза на возбудливост, но сепак со одредена доза на зрелост, за некои е дури и досаден. Можеби не е најмоќниот уред или најгенијално осмислениот, но несомнено претставува колекција од разумни и добро промислени избори.

Дизајн

Како што веќе споменавме, OnePlus 3 не е особено возбудлив во поглед на дизајнот. Немојте да не сфатите погрешно, телото (152,7 x 74,7 x 7.35mm) доаѓа со една деликатна завршница, комбинација на мазни заоблени форми и некои остри добро дефинирани рабови и е навистина елегантен. Плус, телефонот може да се пофали со изненадувачки тенок профил за својата метална градба.

Eкстериерот не е премногу уникатен и упадлив. Тоа е веројатно неговата најсилна страна. Во морето од уреди, очајно се обидуваат да се издвојат со работи како монтажни модули, додатоци и веројатно непотребни заоблени делови и акценти на сите страни, OnePlus одлучи да се држи до многу ограничени пристап.

Сите копчиња се логично поставени. Ништо не е разместено и убаво е да се види дека OnePlus се држи до своите неколку, но важни персонализации во овој поглед. Обожавателите ќе бидат среќни да слушнат дека читачот на отпечатоци на прсти, на предниот дел е уште тука и е екстремно брз и прецизен. Исто и лизгачот за известувања од страна кој ви овозможува брзо да се префрлате помеѓу начините на добивање нотификации.

Единствената забелешка која ја имаме за OnePlus 3 е во врска со камерата. Таа е доста испакната што е природен пропратен ефект, затоа што има 7.35 mm тело. Уредот исто така, за жал, не е водоотпорен, но тоа е само намерно барање недостатоци, со оглед на цената. Отсуството на можност за проширување на меморијата, од друга страна, не може да му биде простено толку лесно.

Екран

OnePlus 3 е опремен со 5,5-инчен екран, кој се чини дека сеуште е во центарот на внимание на медиумите и интернет пребарувањата. Резолуцијата од 1080p е меѓу најконтроверзните аспекти на екранот (најверојатно на целиот телефон). Екранот користи Diamond Pentile аранжман на пиксели, кој е далеку од идеален за оваа големина и резолуција, но со густина на пикселите од 401ppi, сликата изгледа прилично остра од гледна точка на корисникот.

Користи AMOLED технологија, произведена од Samsung. Но, бидејќи тој е дизајниран со спецификации од OnePlus, го користи името Оптички AMOLED, наместо Super AMOLED. Сепак, ќе добиете моќни, живописни бои, кои се поврзани со оваа технологија, како и длабоки црни тонови и бесконечен контраст.

Кога станува збор за боите, OnePlus 3 има лизгач кој овозможува прилагодување на тонот. Можете лесно да се одлучите за AMOLED тонови или да изберете попрецизни бои со просечна deltaE од 6,0 само со едноставно поместивање на лизгачот. Ова исто така влијае на осветленоста 403 нити, на првичното поставување и респектабилни 433 нити на спротивниот крај од лизгачот.

Батерија

OnePlus 3 е опремен со непроменлива батерија од 3,000mAh, со достојна за почитување издржливост од 66h. Ова всушност е во согласност прилично добро со она што го видовме од претходните OnePlus телефони - 61 часа Вкупно за OnePlus 2 и точно 66 часа на оригиналниот OnePlus One. Традиционално одличното време на повикот, сега стана дури и подобро со речиси 32 часа. Видео репродукција исто така доби голем напредок. Најслабата алка се чини дека е времето за прелистување.

Многу од горенаведеното може да се припише на ефикасноста на 1080p AMOLED екранот.

За полнењето на OnePlus 3 компанијата има нова Dash charging технологија. Тоа е варијанта на VOOC од компанијата Oppo која е водечка во charging индустријата и тоа всушност значи дека батерија од 3.000 mAh може да се наполни од 0% до 60%, за нешто помалку од 30 минути, без прегревање. Неверојатен полнач од 20W е исто така вклучен во пакетот.

Аудио

OnePlus 3 помина одлично на тестот за аудио квалитет. Тестиран со активен надворешен засилувач, доби највисоки оценки за јасност и имаше многу висока гласност што беше една од поимпресивните проекции.

За жал, кога беше вклучен на стандардни слушалки гласноста падна на просечно ниво, додека прекрстувањето помеѓу левата и десната страна од стереото се зголеми значително и фреквенцијата стана малку несигурна. Присутни беа, исто така, и интермодулациони изобличувања, што значи дека не е најдобар во овој поглед и секако на некој начин заостанува зад она што го сметаме како предводник за стандард во 2016 година.

Фото камера

OnePlus 3 е опремен со камера, која е исклучително добра со оглед на неговата цена. Задната камера користи 16MP Sony IMX298 сензор со 1,12 микрони големина на пиксел и апертура од f / 2.0. Исто така, има OIS и LED блиц на располагање. Што се однесува до предната камера, нуди солидна резолуција од 8MP, која сигурно обезбедува прилично детални фотографии.

Изработката на камерата од страна на OnePlus е многу слична со онаа на Андроид и изгледа многу уредно и чисто, дури и просто на површината. Сепак, со исклучок на некои детални контроли за резолуцијата и можеби некои дополнителни филтри, ништо не недостасува. Manual начинот е навистина моќен и дава контрола над ISO  брзината на сликање и фокусот и тоа функционира навистина добро. Ќе добиете неколку други дополнителни режими како што се: Панорама, Time-lapse и Slow motion за видео. Постои автоматски и рачен HDR, како и нешто кое OnePlus го нарекува HD режим. Вториот овозможува пост-обработка, која произведува визуелно поостри слики со поголема јасност, која одлично функционира за креирање текстура.

Квалитетот на фотографиите и видеата од OnePlus 3 дефинитивно е рамо до рамо со стандардите на предводникот во 2016. Тие нудат многу детали со разумно ниво на шум. Балансот на бојата е пристоен, со можеби малку поголема топлина од време на време.

Ние навистина не можеме да побараме повеќе од OnePlus 3. Успеа да обезбеди правилна употреба на сензорот Sony IMX298, како и Xiaomi Mi5 или Huawei Mate 8.Тоа е многу солидно искуство и камерата е добра како што се надевавме.

Видео камера

На OnePlus 3 може да се снимаат 720p, 1080p, 2160p или 4K видеа во 30fps, за жал, 60 fps не постои како опција на некои од поставките за видео резолуцијата.

4K видеата се снимаат со 42 Mbps, а звукот се снима со 96 Kbps со 2 канали (стерео).

Износот на детали во 4K видео е висок, но не е најдобар. Боите се точни и контрастот е висок, додека динамичниот опсег е малку над просекот.

Оптичкиот стабилизатор на сликата исто така е присутен на OnePlus 3, но начинот на кој ја врши својата работа не е импресивен. На 1080p видеа има дополнителен EIS (Electronic Image Stabilization).

Софтвер

OnePlus 3 работи со нивниот Oxygen  OS 3.1.2, така што таму нема изненадувања. Изграден е над Android  6.0.1 Marshmallow. Има неколку корисни додатоци. На пример, гестовите се достапни дури и кога екранот е исклучен. Можете двапати да допрете за да го разбудите, да „нацртате“ O за да ја отворите камерата, V за да го вклучите блицот, <> за претходната / следната песна.

Поголемиот дел од интерфејс-от на Андроид е недопрен - тоа е дизајн и икони кои прв пат ги сретнавме во Android Lollipop. Ако сте љубители на Vanilla Android ќе бидете задоволни кога ќе дознаете дека OnePlus не допре речиси ништо што се однесува до homescreen-от и визуелниот изглед на менито.

Читачот на отпечатоци е подобар од било кога. Се уште е постојано во функција и може да се користи за отклучување на телефонот без претходно да го разбудите и сето тоа се одвива брзо. Всушност, тоа е толку брзо и прецизно што ќе може лесно да заборавите дека постои, што е големо достигнување.

Хардвер

OnePlus 3 се напојува со Snapdragon 820 процесор со две Kyro јадра кои што пулсираат на 2.15GHz и две Kyro јадра кои што пулсираат на 1,6 GHz. Ова е поддржано од страна на дарежлива 6GB RAM меморија. Графичкиот процесор Adreno 530.

Секое парче од хардверот е специјално составено за да се обезбедат високи перформанси на уредот. Обожавателите на OnePlus се навикнати да имаат високи очекувања. Секако, недостатокот на QHD екран може да биде недостаток за некои, но и покрај тоа OnePlus 3 нуди едно од најдобрите играчки искуства кои Android може да ги понуди во моментов.

Резиме

OnePlus 3 изгледа одлично, работи како шампион, прави солидни фотографии и видеа и најдобро од се има достапна цена. Секако, не може да биде толку возбудлив како и неговите претходници, и покрај сите напори на компанијата да го задржи младешкиот дух жив, но OnePlus 3 се’ на се’ е солиден уред.

Веројатно најдоброто нешто за OnePlus 3 е дека навистина не остава многу простор за дилеми. Ако ова е вистинскиот уред за вас, ќе го знаете тоа и скоро воопшто нема ситен печат во прилог; во суштина "она што го гледате е она што го добивате".

 

Галерија

Тагови: OnePlus3, смартфон, спецификации, рецензија



    • НОВО!
    Nov! Nekoristen Huawei P20 Lite Blue so 24m Garancija Neverlock
    Nov! Nekoristen Huawei P20 Lite Blue so 24m Garancija Neverlock
    17990 MKД
    Nov! Leather Wireless Fast charger stand,  bezzicen polnac
    Nov! Leather Wireless Fast charger stand, bezzicen polnac
    1990 MKД
    Nov! Samsung Wireless Fast charger stand,  bezzicen polnac
    Nov! Samsung Wireless Fast charger stand, bezzicen polnac
    990 MKД
    Nov! Samsung Fast Wireless charger , bezzicen polnac
    Nov! Samsung Fast Wireless charger , bezzicen polnac
    799 MKД
    Nov! Nekoristen Samsung S7 Edge Black so 24m Garancija Neverlock
    Nov! Nekoristen Samsung S7 Edge Black so 24m Garancija Neverlock
    23990 MKД
    Kako Nov! Huawei Mate 9 , 5.9 inci, 4Gb ram, 64Gb Leica optika neverlock
    Kako Nov! Huawei Mate 9 , 5.9 inci, 4Gb ram, 64Gb Leica optika neverlock
    17200 MKД
    Nov! Nekoristen Samsung A8 2018 Gold, 5.6 inci, 32Gb,  4Gb ram so 24m Garancija Full pack Neverlock
    Nov! Nekoristen Samsung A8 2018 Gold, 5.6 inci, 32Gb, 4Gb ram so 24m Garancija Full pack Neverlock
    23990 MKД
    Galaxy S7 Edge (Silver Titanium) G935U
    Galaxy S7 Edge (Silver Titanium) G935U
    21000 MKД
    Se prodava nov Xiaomi Mi A1
    Se prodava nov Xiaomi Mi A1
    12000 MKД
    Samsung J3(2017)
    Samsung J3(2017)
    8000 MKД
    Продавам телефон Nokia 222!
    Продавам телефон Nokia 222!
    1800 MKД
    Xiaomi Redmi Note 4X 3GB/16GB DualSIM Snapdragon 625
    Xiaomi Redmi Note 4X 3GB/16GB DualSIM Snapdragon 625
    11000 MKД
    Prodavam iPhone 5 BEL NEVERLOCK
    Prodavam iPhone 5 BEL NEVERLOCK
    6000 MKД
    NAJNOVO iPad AIR PRO 9.7 inci 32gb grey WIFI
    NAJNOVO iPad AIR PRO 9.7 inci 32gb grey WIFI
    27800 MKД
    KAKO NOVI iPhone 6 i6s i6+ i7 i7+ never MOBI FLES
    KAKO NOVI iPhone 6 i6s i6+ i7 i7+ never MOBI FLES
    По договор
    MOBIFLES kako novi iPhone 7 32gb 128g i 256g never
    MOBIFLES kako novi iPhone 7 32gb 128g i 256g never
    30900 MKД
    NAJEVTINO Samsung NOTE 4 n910c site boi MOBIFLES
    NAJEVTINO Samsung NOTE 4 n910c site boi MOBIFLES
    13500 MKД
    Kako novi iPhone 6s 64g site boi neverloc Mobifles
    Kako novi iPhone 6s 64g site boi neverloc Mobifles
    22800 MKД

Слични Рецензии

  • Објавена на 6/4/2016
  • Прочитана 800 пати
HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро
HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро...
  • Објавена на 5/23/2016
  • Прочитана 456 пати
LG V10 рецензија – тежок и моќен LG V10 рецензија – тежок и моќен
LG V10 рецензија – тежок и моќен...
  • Објавена на 5/25/2016
  • Прочитана 630 пати
Motorola Moto X Force: рецензија Motorola Moto X Force: рецензија
Motorola Moto X Force: рецензија...
  • Објавена на 6/27/2016
  • Прочитана 1054 пати
Huawei P9 Lite ( Рецензија ) Huawei P9 Lite ( Рецензија )
Huawei P9 Lite ( Рецензија )...
  • Објавена на 6/18/2016
  • Прочитана 943 пати
LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (рецензија) LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (рецензија)
LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (реце...
Види огласи
Внеси оглас