По традицијата на Huawei, флегменот од серијата P е проследен од својата Lite верзија. Тоа се повтори и оваа година, иако премиера...

Huawei P9 Lite ( Рецензија )

По традицијата на Huawei, флегменот од серијата P е проследен од својата Lite верзија. Тоа се повтори и оваа година, иако премиерата на P9 Lite не беше особено звучна. Овој смартфон тешко може да биде означен како Lite верзија во однос на неговите размери, кои изненадувачки се поголеми во однос на неговиот претходник P9. Остатокот на овој модел го прави добар предлог за љубителите на брзи и значително евтини телефони, земајќи ја во предвид цената која е на половина од таа на P9. Од друга страна, Huawei P9 Lite предлага сериозен хардвер, што го прави хит телефон помеѓу моделите на кинеската компанија, а не поевтина верзија на актуелниот флегмен P9.

ДИЗАЈН

Полесните верзии на топ моделите по обичај го споделуваат со нив името и надворешниот изглед, па така и P9 Lite не направи исклучок во тој поглед. До голем степен, уредот го предлага познатиот дизајн на P9, со мали корекции кои се оправдани, имајќи ја предвид  пониската цена. За разлика од P9 кој има масивна метална конструкција, кај P9 Lite метална е само страничната лента, а задниот панел е изработен од пластика, што за многумина е одлична комбинација, имајќи ја предвид цената и чувството на премиум телефон. Слотот за nano SIM и microSD картички се наоѓа на левата страна на куќиштето, а интересно е тоа што вториот е хибриден односно во него може да биде поставена и втора SIM картичка. Влезот за слушалките е преместен во горната страна на телефонот, а на долната се наоѓа microUSB портот и звучникот кој функционира одлично. На десната страна се сместени копчињата за контрола на звукот и за отклучување/заклучување на екранот. На задниот панел откриваме сензор за отпечатоци и 13MP камера со единеча LED светилка. Воглавно P9 Lite е малку поголем и потежок од P9 и е со димензии 146,8 x 72,6 x 7,5 мм и 147 грама, а интересно е тоа што и покрај неговиот габарит, тој го има зборот Lite во своето име. Изработката на куќиштето на телефонот е многу добра, тој е со удобна обвивка на краевите на задниот панел, но сепак поради разликата на материјалите, P9 Lite не дава чувство на премиум телефон како што е P9.

ДИСПЛЕЈ

Според спецификацијата, дисплејот на Huawei P9 Lite е изработен по IPS технологија и е со дијагонала 5,2” инчи и Full HD резолуција со 1920 x 1080 пиксели. Пикселната густина од 441 ppi, овозможува детално прикажување на сликата на дисплејот и одлична видливост при силна природна светлина. Боите се силно изразени и дисплејот нуди опција за нагодување на температурата на боите по ваша желба, а аглите на видливост се доста големи. Може да се каже дека компанијата Huawei избрала одличен панел за дисплејот на P9 Lite и не прави никакви компромиси во врска со квалитетот, што ретко се случува кај модели по оваа цена.

ХАРДВЕР И СОФТВЕР

Смартфонот e со чипсет од сопствена изработка, тоа е 64-битовиот HiSilicon Kirin 650 кој користи осум јадра ARM Cortex-A53. Тие се поделени во две групи од по 4 јадра со различна брзина-2,0GHz и 1,7GHz и во зависност од потребата се активира една од групите, а при поголемо оптоварување се активираат и двете групи. Процесорот нема никакви забелешки и неговото работење е одлично за секојдневните задачи или користење на апликации. Работната меморија е 2GB RAM, што за повеќето корисници е сосема доволно, а во Западна Европа се предлага верзијата со 3GB RAM со малку повисока цена. Вградената меморија е со капацитет 16GB, од кои ви се достапни околу 10GB, но постои можност за надоградба преку microSD картичка. На тестирањето Antutu, P9 Lite постигна одличен резултат од 54 000 поени, што е приближно на минатогодишниот флагман P8. При користење на графички по-оптоварувачки игри може да се осети мало загревање на задниот панел, но сето тоа е во границите на дозволеното, а освен тоа металната рамка помага за побрзо ладење на уредот. Huawei  по обичај го користи својот интерфејс EMUI, па истиот го употреби и кај P9 Lite. EMUI интерфејсот е со верзија  4.1 и е базиран на Android 6.0 Marshmallow и на оваа верзија може да се забележат нови менија, подесувања и дополнителни апликации кои се со цел да ја подобрат работата на корисниците. Една од најкорисните функции е Wi-Fi+ која служи за подобрување на безжичната мрежа и автоматско преминување од  Wi-Fi на мобилна интернет мрежа.

КАМЕРА

Дизајнот на камерата P9 Lite потсетува на камерата на P8 и е поставена на истото место, ја има истата форма и истата овална лед светилка, но овој пат е единечна. Иако смартфонот P9 Lite користи 13MP камера, не може да се очекуваат чуда од неа, но се разбира споредена со цената на телефонот, таа е одлична. Кога има доволно светлина ќе добиете супер фотографии со одлични бои и многу уловени детаљи. Камерата има бленда со широка решетка f/2.0 и дава можност за рачен режим на работа, каде што може да направите прилагодување на компензацијата на експозиција, баланс на белата боја, фокусирање и друго. Телефонот може да сними time-lapse (720p) и slow motion (VGA) видео, а обичното видео е со максимална резолуција до fullHD и можност за активирање на електронска стабилизација. Други режими на работа кои ги нуди основната камера се HDR, панорама, фотографирање на храна, скенирање на документи и најинтересниот, режим за разубавување(фотографии и видео). Селфи камерата е со резолуција 8MP и има фиксиран фокус, опција за подобрување на фотографиите во темно и функција за користење на дисплејот како светилка(блиц).

БАТЕРИЈА

Батеријата на Huawei P9 Lite е со капацитет 3000 mAh и во комбинација со технологијата на процесорот осигурува еден ден актива работа со остаток од 30% од батеријата, но потребно е ново полнење преку ноќта, затоа што тие 30% нема да ви се доволни за следниот ден. Телефонот е опремен со специјална функција, менаџер за батеријата, која што помага за оптимизирање на трошењето на батеријата, избор кои апликации да продолжат со работа во позадина и друго.

ЗАКЛУЧОК

Huawei P9 Lite се покажа како одличен наследник со големо подобрување на минатогодишниот хит P8 Lite. Уредот предлага премиум конструкција со метална рамка, има доволно голем и квалитетен дисплеј со висока резолуција, брз сензор за отпечатоци, моќен процесор, средно добра камера со многу режими на работа и рачни прилагодувања и батерија со голем капацитет, а сето тоа по цена од околу 280 евра, која со тек на време се очекува да се намалува. Додавајќи ја и последната верзија на Android, добиваме одличен телефон кој нуди многу повеќе екстра карактеристики од било кој модел од негова класа, а по супер цена.

Тагови: Huawei, P9, Lite, рецензија



    Nov! Neotpakuvan Nokia 6.1 Black , 32Gb 3Gb ram so 24m Garancija Neverlock
    Nov! Neotpakuvan Nokia 6.1 Black , 32Gb 3Gb ram so 24m Garancija Neverlock
    8990 MKД
    Najnoviot Huawei Mate 20 Pro Black so 24m Garancija Telekom
    Najnoviot Huawei Mate 20 Pro Black so 24m Garancija Telekom
    50990 MKД
    Kako Nov! Samsung S7 Edge Gold 32Gb so 4m Garancija Telekom Full pakuvanje
    Kako Nov! Samsung S7 Edge Gold 32Gb so 4m Garancija Telekom Full pakuvanje
    14150 MKД
    Nov! Neotpakuvan Samsung Note 9 Ocean Blue 128Gb so 24m Garancija Neverlock
    Nov! Neotpakuvan Samsung Note 9 Ocean Blue 128Gb so 24m Garancija Neverlock
    44900 MKД
    Nov! Neotpakuvan Huawei P20 Pro Twilight so 24m Garancija
    Nov! Neotpakuvan Huawei P20 Pro Twilight so 24m Garancija
    36900 MKД
    Kako Nov! OnePlus 5 Black, 64Gb, 6Gb ram so full pakuvanje
    Kako Nov! OnePlus 5 Black, 64Gb, 6Gb ram so full pakuvanje
    20900 MKД
    Kako Nov Lenovo Tab 7 Essential Tablet 7 inci IPS,  16Gb Quad core,  GPS,  7.0 Android
    Kako Nov Lenovo Tab 7 Essential Tablet 7 inci IPS, 16Gb Quad core, GPS, 7.0 Android
    3990 MKД
    Kako Nov Huawei Google Nexus 6P 32Gb full pack Neverlock
    Kako Nov Huawei Google Nexus 6P 32Gb full pack Neverlock
    12990 MKД
    Novi Original Samsung USB type C ( tip C) kabli Fast
    Novi Original Samsung USB type C ( tip C) kabli Fast
    590 MKД
    Novi Original Samsung AKG slusalki od Samsung S8 plus
    Novi Original Samsung AKG slusalki od Samsung S8 plus
    990 MKД
    Nov! Original Samsung Fast Charge polnac za S8 S9 Note 8 i drugi
    Nov! Original Samsung Fast Charge polnac za S8 S9 Note 8 i drugi
    990 MKД
    Nov! 100% Original USB lightning kabel za apple iPhone
    Nov! 100% Original USB lightning kabel za apple iPhone
    1200 MKД
    Novi Samsung Fast Charge USB kabli
    Novi Samsung Fast Charge USB kabli
    400 MKД
    Novi Original Samsung Fast Charge polnaci
    Novi Original Samsung Fast Charge polnaci
    690 MKД
    Nov! Leather Wireless Fast charger stand,  bezzicen polnac
    Nov! Leather Wireless Fast charger stand, bezzicen polnac
    1990 MKД
    Samsung Galaxy S7 edge, Black Onyx, 4GB ram, 32GB internal memory, neverlock
    Samsung Galaxy S7 edge, Black Onyx, 4GB ram, 32GB internal memory, neverlock
    18600 MKД
    Kako nov Iphone 6 Itno
    Kako nov Iphone 6 Itno
    12000 MKД
    SAMSUNG A3 2016 GOLD
    SAMSUNG A3 2016 GOLD
    7100 MKД

Слични Рецензии

  • Објавена на 5/25/2016
  • Прочитана 712 пати
Motorola Moto X Force: рецензија Motorola Moto X Force: рецензија
Motorola Moto X Force: рецензија...
  • Објавена на 5/23/2016
  • Прочитана 538 пати
LG V10 рецензија – тежок и моќен LG V10 рецензија – тежок и моќен
LG V10 рецензија – тежок и моќен...
  • Објавена на 16/07/2016
  • Прочитана 827 пати
One Plus 3: класичната формула од квалитетни спецификации и новостекната зрелост ( рецензија ) One Plus 3: класичната формула од квалитетни спецификации и новостекната зрелост ( рецензија )
One Plus 3: класичната формула од квалитетни специ...
  • Објавена на 6/4/2016
  • Прочитана 868 пати
HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро
HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро...
  • Објавена на 6/18/2016
  • Прочитана 1078 пати
LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (рецензија) LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (рецензија)
LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (реце...
Види огласи
Внеси оглас