Минатата година LG реши да експериментира со материјалите за изработка на своите смартфони, а како резултат на тоа добивме два одл...

LG G5 - најдобриот модуларен паметен телефон (рецензија)

Минатата година LG реши да експериментира со материјалите за изработка на своите смартфони, а како резултат на тоа добивме два одлични модели. И G4 и V10 предложија висок квалитет, впечатливи фото-видео можности и одличен дизајн, кои доаѓаат како претходници на моделите кои корејската компанија треба да ги претстави оваа година. Во Февруари премиерно беше представен моделот G5, кој претставува идеја за создавање на модуларен телефон чии што можности се променуваат според поврзаните кон него аксесоари. Резултатот е одличен смартфон кој не се плаши да е различен. Дали е тоа неговата најголема слабост? Ќе видиме.

ДИЗАЈН

Основата кај создавањето на потполно модуларен телефон е можноста, компонентите како што се камера, процесор, меморија и батерија, да може лесно и брзо да се заменат или надоградат. Идејата за модуларен телефон не е нова и LG се потруди да ја покаже преку новиот модел G5, запазувајќи ги основните карактеристики кои ги користеше кај претходните флагмани, како промена на батеријата и слот за надоградба на меморија. G5 е изработен од метална конструкција врз која е нанесена боја со метален ефект, која при користење дава чувство за телефонот дека е пластичен, но пак од друга страна е избегната лизгавоста при работењето. Предниот дел од телефонот е прекриен со Gorilla Glass 4 стакло, коешто во горниот дел има благо искривување наназад. На задната страна има испакнат дел каде се наоѓаат две камери, блицот и сензорите за лесерско фокусирање и температура на боите при видео запис, а под нив е сместено копчето за вклучување кое има сензор за отпечатоци и секористи за отклучување на телефонот само со допир. Што се однесува до модулите, извлекувањето на долниот дел(батеријата) е со притискање на малечко копче кое се наоѓа на страничниот дел на уредот. Долниот дел(модулот) и основата на телефонот се поврзани преку конектори, така што во долниот дел се сместени микрофон, звучник и USB Type –C порт кој служи за трансфер на податоци и поврзување со други модули што ги предлага компанијата. Од LG се обидоа да создадат нешто ново и оригинално, но дали G5 дава чувсто за премиум телефон по цена од над 600 евра останува да видиме.

ДИСПЛЕЈ

За разлика од LG G4 кој имаше 5,5”IPS дисплеј, кај G5, дисплејот е нешто помал и е со дијагонала 5,3” инчи, а резолуцијата од 2560x1440 е истата. Како што може и да се очекува, овој високо квалитетен панел овозможува слика со многу детали и одлични бои и контраст. Како додаток во дисплејот е вклучена Always on функцијата, која покажува различни корисни информации(време, дата и икони од корисни апликации) врз екранот и кога телефонот е заклучен, со минимална потрошувачка од 1% на час од капацитетот на батеријата. Доколку оваа функција не ви се допаѓа, може да ја исклучите во секое време преку опцијата подесување.

ХАРДВЕР И СОФТВЕР

Во врска со хардверот, G5 користи Qualcomm Snapdragon 820 процесор со 4 јадра Kryo, кои се изработени по сопствен дизајн на американската компанија. Јадрата се разделени во две групи и се активираат според работењето со уредот- моќните со брзина 2,15GHz, се за задачи кои повеќе го оптоваруваат процесорот, а другите со брзина 1,6GHz се со ниска потрошувачка на енергија и се активираат за процесите кои работат во позадина. Додаден е и графички процесор Adreno 530, кој одлично се справува со сите гејмерски предизвици и најтешките 3D игри, а дава и можност за оптимизација на игрите што води до намалување на резолуцијата. Телефонот е обезбеден со 4GB RAM за подобрена работа со повеќе задачи во исто време и 32GB вградена меморија со можност за надоградување до 256GB. G5 е исклучително брз и не се чувствуваат никакви забавувања дури и при сериозни оптоварувања. Интерфејсот е UX 5.0 и е почист за разлика од предходните модели, кај кои можеше да се заприметат доста непотребни апликации. G5 користи Android 6.0.1 Marshmallow и ви дава опција доколку сакате да си инсталирате Google Now или Nova ланчери.

КАМЕРА

LG G5 со сигурност ќе ги освои фановите на мобилната фотографија, а освен тоа има две а не една основни камери на задниот панел. Првата е со резолуција 16MP, обезбедена со систем за стабилизација и автофокус и ни е веќе позната од моделите G4 и V10, а втората ги нема тие додатоци, но е комбинирана со широко-аголна оптика со која може да се прават фотографии под агол од 135 степени. На предната страна се наоѓа стандардна селфи камера со 8MP. Оваа комбинација од камери го прави телефонот исклучително моќен во однос на фотографирањето. Ако сакате да направите одлична фотографија од блиску ја користите првата камера, а ако сакате да фотографирате некоја голема архитектура или сакате да опфатите поголем агол, ја користите втората камера. Телефонот ви дава и можност фотографиите од двете задни камери да ги споите во една  за постигање на интересен ефект. Видео записот може да биде со супер квалитет од 4K пиксели со битрејт  48Mb/s, но во тој режим на работа не може да биде вклучен новиот систем за електронска стабилизација.

БАТЕРИЈА

Батеријата со капацитет од 2800 mAh прифатливо се претставува за активно работење со телефонот и користење на различни апликации и обезбедува околу еден ден работа. G5 ја користи Quick Charge 3.0 технологијата за брзо полнење и вклучува полнач кој за неколку минути ќе ја наполни батеријата до 50%, а за целосно полнење ви е потребно еден час. Земајќи предвид  дека се работи за модуларен телефон, имате опција да си обезбедите втора батерија која може да ви биде при рака и по потреба да ја замените веднаш.

ЗАКЛУЧОК

LG дава до знаење дека не се плаши да прави експерименти, а доказ за тоа е G5. Компанијата одлучи да реализира еден од најинтересните концепти во изминатите неколку години и создаде модуларен смартфон кој изгледа футуристички и предлага карактеристики кои ретко може да се видат кај флагманските модели со Android, како FM радио, Infrared и променлива батерија. Корејската компанија на сето ова додаде исклучително моќен хардвер, одличен дисплеј и одлична основна камера, придружена од широко-аголна камера за создавање на исклучително интересни кадри. G5 определено не освои со хардверот, но во врска со дизајнот, можеби може да се посака и нешто повеќе, но тоа не ги променува фактите дека уредот е еден од новите флагмани кои на корисниците им нудат најголем број на технологии за парите.

Тагови: LGG5, модуларен, телефон



    Apple iPhone 7 plus 128Gb Jet Black Neverlock
    Apple iPhone 7 plus 128Gb Jet Black Neverlock
    25500 MKД
    Apple iPhone 6S Silver Glanc socuvan Neverlock
    Apple iPhone 6S Silver Glanc socuvan Neverlock
    10990 MKД
    Samsung Galaxy Grand Prime LTE white glanc socuvan
    Samsung Galaxy Grand Prime LTE white glanc socuvan
    3490 MKД
    Lenovo Vibe C Black socuvan Neverlock
    Lenovo Vibe C Black socuvan Neverlock
    2990 MKД
    Kako Nov! Sony Xperia XA1 black, 23Mp, 32Gb, 3Gb ram Neverlock
    Kako Nov! Sony Xperia XA1 black, 23Mp, 32Gb, 3Gb ram Neverlock
    6990 MKД
    Nov! Nekoristen Samsung Galaxy A8 2018 black so 24m Garancija Neverlock
    Nov! Nekoristen Samsung Galaxy A8 2018 black so 24m Garancija Neverlock
    16690 MKД
    Kako Nov! Apple iPhone SE 16gb rose gold Telekom full pakuvanje
    Kako Nov! Apple iPhone SE 16gb rose gold Telekom full pakuvanje
    8990 MKД
    Apple iPhone 7 plus 128Gb jet black Neverlock Socuvan
    Apple iPhone 7 plus 128Gb jet black Neverlock Socuvan
    24990 MKД
    Nov! Xiaomi Mi A2 Black, 128Gb, 6Gb ram, Dual camera so full pakuvanje
    Nov! Xiaomi Mi A2 Black, 128Gb, 6Gb ram, Dual camera so full pakuvanje
    15490 MKД
    Nov! Nekoristen Samsung J5 2017 Black Duos so 24m Garancija
    Nov! Nekoristen Samsung J5 2017 Black Duos so 24m Garancija
    8990 MKД
    Samsung Galaxy A3 2016 Gold socuvan , neverlock
    Samsung Galaxy A3 2016 Gold socuvan , neverlock
    4990 MKД
    Kako Nov Lenovo Tab 7 Essential Tablet 7 inci IPS,  16Gb Quad core,  GPS,  7.0 Android
    Kako Nov Lenovo Tab 7 Essential Tablet 7 inci IPS, 16Gb Quad core, GPS, 7.0 Android
    3990 MKД
    Novi Original Samsung AKG slusalki od Samsung S8 plus
    Novi Original Samsung AKG slusalki od Samsung S8 plus
    790 MKД
    Nov! Original Samsung Fast Charge polnac za S8 S9 Note 8 i drugi
    Nov! Original Samsung Fast Charge polnac za S8 S9 Note 8 i drugi
    890 MKД
    Novi Original Samsung USB type C ( tip C) kabli Fast
    Novi Original Samsung USB type C ( tip C) kabli Fast
    590 MKД
    Novi Samsung Fast Charge USB kabli
    Novi Samsung Fast Charge USB kabli
    400 MKД
    Novi Original Samsung Fast Charge polnaci
    Novi Original Samsung Fast Charge polnaci
    590 MKД
    Nov! 100% Original USB lightning kabel za apple iPhone
    Nov! 100% Original USB lightning kabel za apple iPhone
    1200 MKД

Слични Рецензии

  • Објавена на 5/25/2016
  • Прочитана 747 пати
Motorola Moto X Force: рецензија Motorola Moto X Force: рецензија
Motorola Moto X Force: рецензија...
  • Објавена на 6/27/2016
  • Прочитана 1268 пати
Huawei P9 Lite ( Рецензија ) Huawei P9 Lite ( Рецензија )
Huawei P9 Lite ( Рецензија )...
  • Објавена на 5/23/2016
  • Прочитана 591 пати
LG V10 рецензија – тежок и моќен LG V10 рецензија – тежок и моќен
LG V10 рецензија – тежок и моќен...
  • Објавена на 6/4/2016
  • Прочитана 902 пати
HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро
HTC 10 рецензија: добро не е доволно добро...
  • Објавена на 16/07/2016
  • Прочитана 889 пати
One Plus 3: класичната формула од квалитетни спецификации и новостекната зрелост ( рецензија ) One Plus 3: класичната формула од квалитетни спецификации и новостекната зрелост ( рецензија )
One Plus 3: класичната формула од квалитетни специ...
Види огласи
Внеси оглас